ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинение за убиството на паркингот кај „Мавровка„

Обвинение за убиството на паркингот кај „Мавровка„

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 39-годишниот Е.К. од Скопје, кој се товари дека на 20 август во близина на Трговскиот центар Мавровка во Скопје, за профит го убил 59-годишниот Васил Ефтимов. Пријавениот се товари и за обид за убиство на сопругата на Ефтимов и недозволено поседување оружје и распрскувачки материјали.

Advertisements

Пријавениот најпрво го убил Ефтимов, а потоа со пиштол и се заканил на сопругата на починатиот и од автомобилот одзел торба што ја носел со себе и кутија во која имало работен алат.
„Потоа во автомобил со белгиски регистраски ознаки избегал кон Гази Баба. Подоцна во текот на истиот ден, кога полициски службеници го пресретнале обвинетиот заедно со уште едно лице во автомобил на улицата „Стојна Стефкова“ во Скопје, тој излегол од совозачката врата и кон четворицата полицајци испукал 3 проектили во обид да ги лиши од живот.“

Полицијата, како што велат од Обвинителството, во овој случај реагирала со неколку предупредувачки истрели во воздух со службено оружје.
„успеале обвинетиот да го совладаат, по што тој го фрлил пиштолот и бил уапсен. Обвинетиот ќе одговара и за недозволено поседување на оружјето со кое го извршил делото – полуавтоматски пиштол марка „ГЛОК 17“, без фабрички број, калибар 9мм.“

На пријавениот му е изречена мерката продолжување на притворот.
За убиството на Ефтимов, управител на фирмата Мител Монт, за продажба на големо со материјали за водовод и канализација, претходно беше уапсено едно лице, кое подоцна поради немање докази беше пуштено на слобода. Oсомничениот за убиствотo беше извршено по акција на полицијата на СВР Скопје, специјалци со употреба на хеликоптер и дрон./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button