ВЕСТИЗДРАВСТВО

Онколози обвинети за несовесно лекување на пациенти и финансиски злоупотреби

Дваесет и девет болни од канцер примиле несоодветни дози терапија и биле несоодветно лекувани на Клиниката за радиотерапија и онологија, утврдено е со медицинските вештачења во истрагата за случајот Онкологија. Се набавувале лекови на реверс без да постои правна основа за тоа, се правеле постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови, нанесувајќи му на тој начин штета на Буџетот.

Advertisements

Основното јавно обвинителство денеска поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“. Првото се однесува на финансиски злоупотреби, а второто за третманот на пациентите.

„Предметот е поделен на два дела, првото обвинение се однесува на економското работење на клиниката – опфаќа две лица. Првиот медицински директор, вториот економски директор. Тие се гонат за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата. Делата ги сториле од 2018 до 2022 година. Тие со дејствијата прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот. Исто така, двата се обвинети за измама, па во вршење на службена должност, го довеле до заблуда Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата. Набавувале лекови на реверс, без да постои правен основ на тоа. Потоа правеле постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови. Со вакви противзаконити дејствија, креирале противправни обврски на Фондот“, образложи Ана Гоговска-Јакимовска, обвинителка во случајот „Онкологија“.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев е обвинет дека прибавил имотна корист од 13 милиони денари со присвојување на дел од лековите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button