Обвинитејството бара притвор за напаѓачите на екипата на ТВ Алсат

Обвинителството бара притвор за двојката која вчера физички ја нападна екипата на Алсат телевизија, имено новинарката Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредин додека известуваа за пожарот во Визбегово, чиј чад го преплави целиот град. Обвинителството бара ефективен притвор за напаѓачот, Александар Николчев, сопственик на компанијата „АСД МЕТАЛ ГРУП“, и домашен притвор за неговата сопруга.
„Судијата на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство на две лица осомничени за нападот врз медиумската екипа на Алсат за време на пожарот во Визбегово, донесе решение со кое го прифати предлогот на Обвинителството. На осомничениот А.Н. му е одреден притвор во траење од осум дена, додека предлогот за определување куќен притвор за осомничениот М.К. е прифатен“, велат од Кривичен.
Физичкиот напад на брачната двојка врз екипата на Алсат телевизија е сериозно кривично дело, за кое од 2023 година се во сила построги казнени мерки. Врз основа на овие измени, Николчев и неговата сопруга ќе бидат гонети за напад врз службено лице. Според тоа, Обвинителството го дефинираше нивното дејствие како „Попречување на службено лице во вршење на службени дејствија“ по член 382, став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. За ова дело, важечкиот Кривичен законик предвидува казна до 5 години затвор.
Сепак, кривичната одговорност на напаѓачката двојка можеби нема да заврши тука, со оглед на тоа што обвинителството ја продолжува и истрагата за причините за вчерашниот пожар. За ова, обвинителот во случајот издаде низа наредби за обезбедување докази. Тие може да бидат одговорни за ризиците по животот и имотот на граѓаните, но и по животната средина.
Поради практиката на неказнивост за медиумските работници, измените се на сила веќе две години, со кои нападите врз новинарите се категоризираат како напади врз службено лице. Покрај делото за кое се гонат напаѓачите на екипата на Алсат, Кривичниот законик предвидува и неколку други членови кои ја штитат работата на медиумските работници.
На пример, во член 144 е предвидена затворска казна до 3 години за граѓаните кои им се закануваат на новинари или медиумски работници.
Понатаму, казна до 3 или 5 години затвор е предвидена и за лицата кои со сила или сериозна закана ќе принудат новинар или медиумски работник да стори, да не стори или да трпи нешто додека ги извршува своите професионални должности.
Со најновите измени се предвидени и построги казни за лицата кои ќе извршат убиство на новинар или медиумски работник.
Суад Бајрами