ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинители недостигаат во сите обвинителства во државата

Обвинителството кубури со кадар. Криминалот активно го гонат 162 обвинители, а по систематизација треба да се ангажирани уште најмалку 100. За организиран криминал ангажирани се 14 обвинители. Но, во три града во земјва нема ниту еден обвинител, тоа се Крива Паланка, Свети Николе и Делчево. Во овие обвинителства се упатуваат обвинители од други градови за да постапуваат по предмети. Проблем има и во обвинителствата во Тетово и Куманово. Во тетовското обвинителство само двајца обвинители гонат криминал, а треба да се ангажирани десет , додека во кумановскиот регион има 10 наместо 14 обвинители, од кои дел се упатуваат и во други градови, поради  недостигот на кадар. Шефот на Јавното обвинителство Љубомир Јовески во интервјуто за Алсат вината ја префрли на Академијата за судии и јавни обвинители.

Advertisements

„Сè уште со вонредни напори може да се извршува јавнообвинителската функција. Но, сите овие прашња не зависат од Јавното обвинителство. Како што е познато во Обвинителството може да се влезе со завршена Академија за судии и јавни обвинители и поради тоа што Академијата не вршеше во контиунитет упис на нови слушатели се создаде оваа состојба. Само да потсетам дека сега со измените исто така на Законот за работни односи после 30 јуни во пензија ќе заминат уште 7-8 јавни обвинители, што значи и вака малиот број уште ќе се намали”, изјави Љубомир Јовески, јавен обвинител

По објавените резултати од пописот од 2021 година се појави и друг проблем за Обвинителството. Европскиот просек налага да има 11,7 обвинители на 100 000 жители, што значи дека по европски стандарди во земјава треба да има 214 јавни обвинители. Моментално и по тоа мерило нема доволно обвинители, а дали ќе се следи европската пракса или направената систематизација од 262 обвинители, допрва треба да одлучи Советот на јавните обвинители.

По европски просек:             214 јавни обвинители

По систематизација:             262 јавни обвинители

Вработени:                             169  јавни обвинители

Функцијата во мирување:   7 јавни обвинители

Најмногу обвинители недостигаат во Скопје. Моментално се ангажирани 49, а  криминалот треба да го гонат 67 обвинители со сè шефот на скопското обвинителство. Низ обвинителствата во земјава недостигаат и јавнообвинителстките службеници кои треба да дадат логистика во истрагите на обвинителите. Бројот на овие службеници е за три пати помала и брои 398 јавнообвинитеслки службеници.  Но и тие се намалуваат, зашто се одлучуваат да унапредат во кариерата и се запишуваат на Академијата за судии и јавни обвинители.

Недостигот на обвинители и стручни соработници предизвикува проблеми – при истражните дејствија на обвинителството. Постапките траат подолго, што би требало да се надмине доколку обвинителството конечно се комплетира. /Алсат.мк

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button