Обвинителката Фетаи побара притвор за осудените во „Монструм“

По објавата на пресудата во случајот „Монструм“ обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за сите четворица осудени од Кривичниот суд. Таква мерка предложи и за Фејзи Азири, со оглед на тоа што тој е во затвор за друго дело и ги користи затворските услови за излез и според Фетаи може да избега.
Инаку, судот на денешното рочиште ги изрече следниве пресуди за обвинетите во случајот „Монструм“, за грозоморното убиство кај Смилковското езеро.
Алил Демири – виновен за теторизам, доживотен затвор
Африм Исмаиловиќ – виновен за теоризам , доживотен затвор
Агим Исмаиловиќ – виновен за теторизам, доживотен затвор
Хаки Азири – виновен за две кривични дела за помагање, единствена казна затвор од 9 години
Фејзи Азири – виновен за 2 кривични дела за помагање во извршување на кривично дело, единствена казна затвор од 15 години
Сами Љута – се отфрла обвинението