Обвинителката Кадриу пред разрешување

Дисциплинската комисија во Јавното обвинителство одлучила да ја суспендира и разреши од фунцијата јавен обвинител во ОЈО Тетово обвинителката Лејла Кадриу, дознава Алсат. Од Обвинителството официјално велат дека постапката е доверлива и поради тоа не соопштуваат детали. Дисциплинската постапка беше покрената пред повеќе од година и половина по протестите на жителите на Синичани кои бараа чиста вода за пиење.
Кадриу како обвинител дојде на протестот и ја растеруваше полицијата која не дозволуваше да дојде до судири меѓу двете групи на граѓани, иако за тоа немала ингеренции. Одлуката на дисциплинската комисија не е финална. За тоа дали обвинителката Кадриу ќеа биде разрешена ќе одлучи Советот на јавните обвинители. Алсат контактираше со обвинителката Кадриу, но таа не беше запознаена за одлуката на дисциплинската комисија и не сакаше да коментира.