ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителот Јовевски со канонада кон вицепремиерката Грковска

Обвинителот Јовевски со канонада кон вицепремиерката Грковска

Јавниот обвинител на С.Македонија, Љубомир Јовевски, ги смета за неосновани, општи и неточни личните оценки за неговата работа и на Јавното обвинителство кои дојдоа од заменик-претседателката за добро владеење, Славица Грковска.

Advertisements

Говорејќи за борбата против корупцијата, Грковска рече дека треба да се формира коалиција на луѓе со интегритет во сите сфери.

Таа го критикуваше и изборот на нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, велејќи дека поразително е тоа што обвинителите немаат интегритет сами да одлучуваат. Овие тврдења Јовевски ги нарекува мешање во работата на обвинителството.

„Некои од искажувањата, навидум лични, значат директно мешање во работата на Јавното обвинителство и ја загрозуваат неговата самостојност. Политиката на добро владеење во основа треба да ја почитува поделбата на власта и владеењето на правото. Освен тоа, во јавниот настап, не беше изнесен ниту еден релевантен аргумент за поткрепа на ваквите лични проценки. Упатно и полезно ќе биде доколку заменик претседателката, пред да изнесува лични оценки за работата, го посети Јавното обвинителство и се запознае со реалните состојби и со предизвиците во борбата со криминалот“, велат од Јавно обвинителство.

Но, Грковска не застана тука со критиките. Таа нагласи и дека според нејзино мислење, Јовевски не треба да биде избран за нов уставен судија затоа што не го постигнал тоа што треба ниту како државен обвинител.

Но, Јовевски во писмената реакција вели дека другите институции треба да ги тргнат рацете од обвинителството и да не се однесуваат кон нив како со ученици.

„Повеќе пати сум барал и сум инсистирал сите политички и други чинители да ги тргнат рацете од обвинителството. Како Јавен обвинител, но и во името на другите јавни обвинители, укажувам дека нема да прифатиме улога на ученици во која некој ќе ни кажува кој треба и по кој член да одговара, ниту пак да кажува кој, каде и како треба да биде избран. За ова постојат прописи“, додадат од Јавно обвинителство.

Тврдењата на вицепремиерката дека веќе се создадени сите услови за ефикасна борба против криминалот и корупцијата, според Јовевски, не се совпаѓаат со реалната состојба.

Таа нагласи дека мора да престане солидарноста меѓу судиите, во обвинителството, во судството. Прво, за доброто на самите судии и обвинители не им е во прилог да се става дамка на сите, само заради некои, па повика на индивидуална одговорност.

Според Јовевски, во последниот извештај за напредокот на земјата, Европската комисија не го критикува функционирањето на Јавното обвинителство, туку напротив оценува дека „има умерен напредок во борбата против корупцијата“. Но, во писмениот одговор јавниот обвинител не ги коментира секојдневните реакции на високи функционери на ЕУ и САД, за високото присуство на корупција и неуспехот на институциите да се соочат со оваа појава./Alsat.mk

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button