МАКЕДОНИЈА

Обвинителство: 15-годишник со нож избол двајца врсници, се бара притвор

За 15-годишник се бара определување мерка притвор поради постоење сомнение дека извршил дејствија спротивни на закон, информираат денеска од Основното јавно обвинителство.

Advertisements

Малолетникот на 25 октомври, заедно со други непознати лица, започнале разговор со друго дете, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат детето со тврди предмети.

Петнаесетгодишникот потоа извадил нож и го пробoл детето во делот од натколеницата.

Дваесетина дена подоцна, на 13 ноември, 15-годишникот со уште три непознати лица, во автобус на ЈСП „Скопје“, му нанел убоди со нож во глава на негов врсник. Со ваквиот чин, додаваат од Обвинителството, малолетникот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кај другите патници во автобусот.

Јавниот обвинител до судија за деца поднел барање за поведување подготвителна постапка и доставил предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button