ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителство ги повикува семејствата на загинатите во Кочани

Обвинителство ги повикува семејствата на загинатите во Кочани

Обвинителството започнува да ги сослушува семејствата на загинатите во „Пулс“.Тие ќе можат да се приклучат кон истрагата како оштетени и да дадат свои искази за трагедијата. Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката. Во соопштението од Јавното обвинителство пишува дека во следните два дена во соработка со „Support Kocani“ ќе ги контактираат најбилиските на починатите за да договорат точно време за сослушувања кои ќе се вршат од од вторник до четврток. Јавното обвинителство повторува дека сите кои што имаат некаква информација можат да ја достават на нивната имејл адреса.

Advertisements

„Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27.05 (вторник) до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените. Родителите ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот. Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот. Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот “Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата“ – Јавно обвинителство на Република северна Македонија.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оцени дека истрагата е во сензитивна фаза и не ја исклучи можноста истата да биде проширена и на нови лица .Според Коцевски истрагата треба да заврши за 10-тина дена, а обвинителниот акт да биде поднесен кон средината на јуни. До сега на распит биле над 300лица. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button