ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката Пулс.
Како што се наведува во соопштението, само за тројца осомничени се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката.
Од обвинителството наведоа дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена навреме.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button