Обвинителството го заврши истражниот процес за трагедијата во Кочани, 46 осомничени
Обвинителството го заврши истражниот процес за трагедијата во Кочани, 46 осомничени

Истражниот процес за трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени, е завршен. И покрај тоа што обвинителството работеше со тим од 13 обвинители, не успеа да најде докази за друго кривично дело освен за „тешки дела против општата безбедност“, а осмомничени се 46 лица. Обвинителството соопшти дека до сега се сослушани околу 400 сведоци.
Во следните 15 дена, одбраната на обвинетите може да достави докази кои ќе бидат анализирани и оценети од Обвинителството, а по истекот на овој рок ќе биде поднесено обвинение. Временскиот опсег на истрагата го опфаќа периодот од 2012 година кога е отворен ноќниот клуб, до утрото на трагичниот 16 март оваа година. Вкупно до сега под истрага за трагедијата во Кочани се 59 физички лица и 3 правни лица. Поголемиот дел од обвинетите се гонат за кривичното дело „тешки дела против општата безбедност“, за кое се предвидува казна затвор од најмалку 3 години, без горна граница, што значи максимално до 20 години затвор. Во меѓувреме, ќе продолжи и другата истрага што се води во рамките на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде што 14 полициски службеници од Штип и Кочани се сомневаат дека дале одобренија дека клубот „Пулс“ ги исполнувал законските услови за работа во делот на одржување на јавниот ред и мир, иако не било така.
Обвинителството, исто така, дел од обвинетите ги гони и за примање мито, за кое е предвидена казна затвор до 10 години. Покрај тоа, дел од обвинетите се гонат и за неовластено користење огнено оружје. Според одредбите на овој член, казните за ова дело се до 10 години затвор./Алсат.мк
Суад Бајрами