ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството ќе оцени како ќе постапува во случајот со Дрин Ахмети

Од полициски аспект се преземни сите конкретни активности и сега Јавното обвинителство треба да оцени како ќе постапува во случајот со пронајдените пиротехнички средства во возилото на Д.А. од Зајас, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Advertisements

„За конкретниот случај ние ги преземавме сите потребни активности од полициски аспект. Одземени се сите предмети кои беа најдени и е доставен поднесокот до Јавното обвинителство, кое ќе оцени за тоа како понатаму ќе се постапува во однос на целиот овој случај“, рече Спасовски по денешната посета на полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Спасовски, одговарајќи на прашањето каков поднесок ќе има и за што ќе се товари Дрин Ахмети, рече дека тие поднеле известување до Јавното обвинителство во однос на нивните сомненија.

„Треба да се земат предвид сите овие факти и докази и на основа на тоа ќе ги донесе одлуките Јавното обвинителство“, додаде министерот за внатрешни работи.

Вчера, од Основното јавно обвинителство рекоа дека за настанот е известен јавен обвинител и оти во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button