
Откако минатата недела не се одзваа на поканата за распит издадена од Обвинителството на БиХ, Судот издаде налог за апсење заради сослушување на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, пренесува Кликс.ба.
Обвинителството ги товари за сторено кривично дело „напаѓање на уставниот поредок“.
Доколку тројцата не бидат приведени, ќе биде издадена внатрешна потерница според која секоја полициска агенција во БиХ може да ги уапси, вклучително и Граничната полиција.
Во случај да не бидат фатени со интерна потерница, се издава Интерпол или меѓународна потерница.