ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството на Ислам Абази со став за сомнителниот надзор на автопатите

Обвинителството на Ислам Абази со став за сомнителниот надзор на автопатите

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со внимание ги следи сите информации и изјави поврзани со Бехтел и Енка и фирмите кои треба да ѝ бидат надзор во изградбата на автопатиштата низ Македонија. Доколку утврдат дека постои незаконие, веднаш ќе постапат, уверуваат за Алсат од обвинителството со кое раководи новоизбраниот шеф Ислам Абази.

Advertisements

„Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, ќе биде поведена соодветна постапка. Воедно, сите субјекти кои имаат информации или докази за сторено кривично дело, имаат обврска тоа да го пријават до надлежното обвинителство. До овој момент, до обвинителството не е доставена кривична пријава со такви наводи“, вечат од Jавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Шефот на скопското Јавно обвинителство, Гаврил Бубевски во синоќешното гостување во емисијата 360 степени на Алсат потврди дека државното обвинителство може да постапи и по допрен глас, односно нема потреба некој да доставува пријава.

„Инструментот на допрен глас, Јавното обвинителство Скопје го користиме во ситуација кога гледаме дека институциите на откривање на кривичното дело претходно затаиле во тој контекст. И само во тој случај, ЈО почнува да постапува по допрен глас. Доколку други институции кои имаат откривачка функција го работат предметот и дојдат до одредени сознанија за предметот, тие ќе изготват кривична пријава, па ние ќе постапуваме по кривичната пријава“, рече Гаврил Бубевски ЈО Скопје.

Поради опасност од загрозување на националниот интерес, буџетот и репутацијата на државата, од ВМРО-ДПМНЕ апелираат веднаш да биде поништен тендерот на кој е избран надзорот. Опозиционерите велат дека овој скандал во Македонија доаѓа откако поранешниот државен секретар на САД предупреди на кинеско поткупување при проекти каде се применуваат високи технологии.

„Сега „Евроколсалтинг“ на Димитриевиќ, кој во Ерменија се гони за измама од 1,8 милиони долари при надзор на патен коридор, ќе врши надзор врз изградбата на коридорите 8 и 10-д, проект вреден 1,3 милијарди евра. Истава фирма заедно со кинеската ЕПТИСА, ќе има увид во технологијата на американската Бехтел“, рече Бојан Стојаноски ВМРО- ДПМНЕ.

На фирмата на Димитриевиќ, Евроконсалтинг и на шпанската ЕПТИСА, чиј сопственик е кинеската ЈСТИ Груп, власта преку тендер им даде бизнис од над 20 милиони евра да контролираат како американско – турскиот конзорциум ќе ги гради автопатиштата./Алсат.мк

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button