ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството не исклучува прогон на Мерко

Основното јавно обвинителство не ја исклучува можноста да поведе кривичен прогон против актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, доколку се утврдат кривични дела. Од ОЈО потсетуваат дека веднаш по ставањето на Мерко на црната листа на САД, комисија на Јавното обвинителство извршила вонреден надзор над постапувањето во сите заведени предмети во обвинителствата против Мерко, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник.

Advertisements

„За сите наоди, членовите на комисијата на обвинителите им дадоа конкретни укажувања и насоки за натамошното постапување. Дополнителни мерки донесе и Јавниот обвинител на РСМ. Се испитуваат сите околности, а евентуално утврдените кривични дела нема да останат без соодветен кривичен прогон“, велат од ОЈО.

Во меѓувреме, Декларацијата на советниците на Алијанса за Албанците во струшкиот Совет со која се бараше оваа институција да се дистанцира од градоначалникот Мерко поради неговата наводна вмешаност во судски предмети и корупција е испратена до сите странски амбасади во земјава. Со Декларацијата, која советниците на ДУИ и СДСМ не сакаа да ја поддржат, се бара и Мерко веднаш да си поднесе оставка, а судските органи да започнат истраги.

Инаку против Рамиз Мерко имало поднесени 30 судски предмети, од кои активни се само 16, а останатите 14 веќе застареле.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button