Обвинителството побара осуда за обвинетите во „Трезор“

Обвинителството побара судот да ги осуди за виновни, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Небојша Стојаковиќ и Горан Грујевски за случајот „Трезор“. Овој предмет се однесува за набавката на софтвер за прислушување од Велика Британија преку фирмата „Финзи“. Според завршните зборови на Обвинителството, набавката на опрамата се случила во 2010 година и МВР наместо да ја купи директно од Британија, набавката одела преку Финзи, а пари во фирмата влегувале преку фирма од Кипар. Одбраната завршниот збор ќе го даде на 5 – ти април.
„Покрај тоа, судот да ги задолжи обвинетите да ја надоместат штетата предјавена и од државното правобранителство на територијата на Град Скопје како и имотно правно барање во износот од разликата на конфискуваниот имот во висина од 10 милиони и 819 илјади денари со износот на прибавената имотна корист на Финзи од 47 милиони и 990 илјади“, рече обвинителот Артан Ајро.