ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството побара затворски притвор за Мијалков

Обвинителката Ленче Ристовска побара на осудениот Сашо Мијалков да му биде одредена мерка затворски притвор, наместо домашен, којшто во моментов го издржува.

Advertisements

Како што образложи Ристовска, Мијалков има дозвола за престој и регистрирана адреса на живеење во  Прага, каде има и две регистрирани возила на свое име. Дополнително обвинителката Николовска достави и листи за финансиската состојба на компаниите на Мијалкови кои, како што рече, покажуваат дека тој има доволно финансиски средства за да избега од земјава и да живее во странство.

Претходно, на Сашо Мијалков судот му изрече затворска казна во траење од 12 години за случајот со масовното незаконско прислушување, познат под работно име „Таргет-Тврдина“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button