Обвинителството работи под притисок на ВМРО ДПМНЕ, велат од СДСМ
Обвинителството работи под притисок на ВМРО ДПМНЕ, велат од СДСМ

Остри реакции од опозицијата откако обвинителството одлучи да ја отфрли кривичната пријава од анонимен подносител против директорот на АНБ, Бојан Христовски, во која стои дека тој наводно користел лажен сертификат за познавање на англиски јазик. Според СДСМ, овој потег на обвинителството е повлечен под партиски притисок од владејачката структура.
“Критиките се темелат на тоа што во различни сценарија има два различни пристапи – еднаш се бара изворот на сертификатот и се чека одговорот, во ова сценарио, не се бара. Така да, сметам дека ова укажува на силен партиски притисок од страна на ВМРО-ДПМНЕ”, претседател на СДСМ.
За власта пак, ваквата реакција на опозицијата е само ширење на лажни вести.
„Колку и да се обидуваат да ги лиферуваат оние лажни вести, дезинформации, колку и да се обидуваат од секоја ситуација да направат политика – да зборуваат дека некој користел лажни сертификати, да зборуваат дека ги менувал тие сертификати, дека ги поправал и така натаму, дури би кажала и со вакво судство и обвинителство, коешто е составено од кадрите коишто тие ги оставија, не можат да ја сокријат вистината, односно, вистината денеска излегува на виделина дека не постојат лажни сертификати„, рече Марија Митева, портпарол на Влада .
Обвинителството вчера излезе со информација дека се отфрлени пријавите против Христовски, со образложение дека покрај бугарскиот сомнителен сертификат за познавање англиски јазик, тој поднел и валиден. По оваа одлука следуваа бурни реакции во јавноста, по што се бараше и обвинителството да го достави одговорот од истрагата за сертификатот на Христовски добиен од Бугарија. За потсетување, Христовски беше обвинет дека добил лажен ТОЕФЛ сертификат за познавање на англиски јазик од непостоечки центар за јазици во Пловдив, нешто што власта постојано го негираше./Алсат.мк
Михаило Донев