Обвинителството се уште ја истражува несреќата од минатиот месец на патот Скопје-Куманово

Автопатот Скопје – Куманово се нормализираше по прекинот на работите поради сообраќајната несреќа што се случи на 2 септември, каде што животот го загубија татко и син од Куманово. Во меѓувреме Обвинителството се уште ги истражува причините за оваа несреќа, од каде што велат дека сеуште се собираат докази за трагичниот настан.
„ОЈО – Скопје постапува по поднесеното барање и прибира докази. Во моментов се слушаат луѓе кои имаат информации и други луѓе. По донесување на решението на јавното обвинителство ќе биде известена јавноста“, велат од Обвинителството.
Државен инспекторат за транспорт изврши вонреден увид во градежните работи што ги изведува компанијата на автопатот каде што се случи несреќата. По извршениот увид, донесено е решение со кое компанијата е принудена веднаш да ги прекине сите градежни работи до одобрение од надлежниот орган. Веднаш по несреќата, Основното јавно обвинителство поведе постапка против две лица поради сомнение за сторено кривично дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Авни Тахири