ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството: Сите наводи ќе бидат истражени

Обвинителството: Сите наводи ќе бидат истражени

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека не може да се бара политичка и морална одговорност од некој кој повеќе не е на функција. Иако шефот на Владата вели дека кривична одговорност за инволвираните во скандалот на Клиниката за онкологија ќе има без исклучок. Ковачевски повика истражните органи да не бидат под нечие влијание и да си ја вршат работата согласно законот.
Јавното обвинителство бара да не се злоупотребува оваа сензитивна ситуација и граѓаните да покажат воздржаност .

„Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека сите наводи ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети. Во исто време, свесни за чувствителноста на оваа тема за огромен број засегнати граѓани, сепак апелираме на воздржаност од предвремено прејудицирање за текот на постапката и за одговорност на кое било лице. Сите оние кои знаеле и имале информации за овој случај, истите треба да ги достават до соодветната институција“, велат од Јавно обвинителство.

За скандалот со злоупотреба на терапиите за канцер на Клиниката за онкологија во Скопје е отворена предистрага од страна на ОЈО, откако неделникот „Фокус“ неколку недели известуваше за лекувањето на пациентите и злоупотребата на лекови и терапии утврдени со протокол. Алсат, пак, во ноември минатата година извести за наводи за злоупотреба на лековите од страна на организирана шема во Онкологија. И покрај признанијата на вработените, институциите не презедоа ништо во врска со тврдењата на медицинска сестра за продажбата на терапии, главно во текот на ноќната смена.

Обвинителството сè уште спроведува предистражни активности, додека отворањето на истрагата се очекува по експертиза за конфискуваниот материјал и компјутерските докази.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button