Обвинителството во Кавадарци поднесе обвинение против судијка од основниот суд во Веле
Обвинителството во Кавадарци поднесе обвинение против судијка од основниот суд во Веле

Обвинителството во Кавадарци поднесе обвинение против судијка од основниот суд во Велес, како и против двајца сопружници сопственици на синџир на аптеки, обвинети за фалсификување на службена исправа, и за употреба на службена исправа со невистинита содржина.
Судијката од Велес додека постапувала во предмет донела пресуда со која на обвинетите сопружници им утврдила право на сопственост на деловен простор и земјиште под зграда. Иако пресудата се уште не била правосилна, па останатите странки во постапката имале право на жалба, судијката пресудата ја заверила со службен печат за правосилност, со што, таа свесно внела лажен податок во службената исправа.
Обвинетите сопружници, сопственици на деловниот објект, ја употребиле исправата со лажна содржина во Агенцијата за катастар за да внесат промени во имотните листови во корист на сопствената фирма која ја регистрирале. Против судијката има обвинение и дека им помогнала на сопржуниците да фалсификуваат службена исправа, поради што таа е разрешена од судиската функција во текот на постапката.