ВЕСТИРЕГИОН

Обвинителството во Приштина покрена истрага за нападот врз новинар

Основното обвинителство во Приштина соопшти дека е покрената „интензивна истрага“ со цел да се расветли случајот со нападот на новинарот Ваљон Суља.

Advertisements

Косовската полиција во дневниот извештај наведува дека нападот се случил на 11 април после 22 часот. Се наведува дека по нападот на новинарот непознати лица се оддалечиле со автомобил со локални регистарски таблички.

Претходно, во средата, на 12 април, Здружението на косовските новинари го осуди физичкиот напад врз новинарот Ваљон Суља и побара итна истрага и апсење на напаѓачот.

Суља вечерта на 11 април добил лекарска помош во Универзитетскиот клинички центар на Косово поради повреди на главата, кои, според Здружението на косовските новинари, ги добил кога бил нападнат од три лица во Приштина.

Нападот, се додава, се случил откако Суља го напуштил телевизиското студио и се сомнева дека непознати напаѓачи го следеле до населбата Сунчани Брег во Приштина.

„Овој напад е целосно неприфатлив и сериозен обид за нарушување и поткопување на слободата на говорот и медиумите во Косово“, соопшти Здружението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button