ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Очајни услови во македонските затвори

Очајни услови во македонските затвори – пренатрупаност, нехигиена, влага, недостаток на медицински персонал и недоволна инвестиција во инфраструктурата, покажува новиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Пренатрупаноста и распаднатите ќелии остануваат најголем проблем за најголемиот затвор во државата, КПУ Идризово, но не е подобро ниту во другите поголеми затворски установи.

Advertisements

„Во КПУ Идризово најлоши се условите во приемното одделение и зградата амбуланта – дупки во ќелиите, валкани и распаднати ѕидови, ѓубре и нечисти душеци.  Состојбата е особено загрижувачка и во Затворот Скопје –  во просториите во кои се сместени притворените лица се служи храна и се извршуваат основните физиолошки потреби. Затворот Куманово се соочува со проблем во однос на обезбедување на вода, која претставува основно човеково право“, велат од ДЗР.

Покрај нехуманите услови, во затворите недостигаат доктори, но и затворски полицајци.

„Не е обезбедена целосна здравствена заштита на лицата лишени од слобода заради недоволен медицински персонал. Поради недоволен број на припадници на затворската полиција зголемени се трошоците за прекувремена работа, а тужбите од страна на затворската полиција за работа подолго од полното работно време и останати додатоци на плата придонесуваат за зголемени судски трошоци и исплати по извршни решенија“, велат од ДЗР.

Затворите немаат ниту доволно финансии да ги реализираат потребните активности и да ги подобрат условите, а она што го преземаат надлежните институции не е доволно за подобрување на состојбите, стои во заклучокот на извештајот. За таа цел, ревизорите даваат и сет од 26 мерки за надминување на состојбите, а кои во најголем дел ќе треба да ги имплементира Управата за извршување санкции.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button