ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од 1 февруари граѓаните ќе плаќаат поскапи поштенски услуги

Од 1 февруари граѓаните ќе плаќаат поскапи поштенски услуги. АД „Пошта на Северна Македонија“ го објави новиот ценовник според кој поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај, пишува „Фактор“.

Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари. И препорачаната цена поскапува и таа сега изнесува 90 денари. Писмото до 100 грама наместо 34 денари, ќе биде 48 денари. Поскапуваат и писмата до 250 грама од 48 на 60 денари.

Се намалува цената на писмата од 250 до 2 000 грама. Поскапува поштенската картичка од 9 на 16 денари. Се укинува и цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона.

За најтешките писма до 2 килограми ќе се наплаќаат 176 денари за обична пратка, 230 денари за препорачана, а за вредносно писмо со оваа тежина ќе се наплаќа 266 денари.

На цената на вредносните писма се додава и цена по вредност и тоа 3 отсто за пратки со вредност до 10 000 денари и над оваа вредност се наплаќаат плус 300 денари.

Од Агенцијата за пошти велат дека профитната маржа на АД „Пошти“ со зголемувањето на цените и натаму ќе биде 1 отсто и дека ценовникот не е променет од 2009.

Новиот ценовник на „Пошта“ е одобрен од Агенцијата за пошти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button