СПОРТФУДБАЛ

Oд 102 додавања, само еднаш не бил прецизен против Шкотска!

Тони Крос е еден од најпрецизните фудбалери при додавањата и повторно го докажа во отворањето на ЕВРО 2024, во кое Германија ја победи Шкотска со 5-1. Крос остана на теренот на „Алијанц Арена“ во Минхен до 80. минута и за тоа време изведе 102 додавања.

Од тие обиди, Кроос успеа да пронајде соиграч во 101 случај, што претставува прецизност од над 99%. Интересно е да се напомене дека многу од тие додавања биле кон напред, што е многу посложено во фудбалската игра.

Кроос стана првиот фудбалер, откако се води ваква статистика од 1980 година, кој постигнал толку висок процент на точни додавања со над 100 обиди во рамките на еден натпревар на Европско првенство. По ЕВРО 2024, Тони Крос ќе ја заврши својата играчка кариера.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button