ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од 200, лоцирани 50 наши државјани во Израел

Домашните власти стапиле во контакт со педесет наши државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел и тие се лоцирани. Ова го објави премиерот Димитар Ковачевски, кој додаде дека бројката веројатно е поголема, зашто има информации за студенти и градежни работници кои сè уште се наоѓаат во земјата. Премиерот истакна дека се работи на извлекување од Израел на државјаните кои се пријавиле во Амбасадата. Сепак, тоа единствено би можело да се случи со помош на соседите.

Advertisements

„Мојот кабинет контактира со нашите земји-соседи и со другите парнерски земји коишто имаат авиокомпании кои можат да слетуваат на аеродромите или во Израел, таму каде што може или во околните држави“, рече Ковачевски.

Дома веќе се вратија деветмина туристи од Велес кои синоќа слетаа на аеродромот во Тирана. Тие беа дел од специјалниот лет на „Ер Албанија“, што го организираа албанските власти за евакуација на своите државјани. Претходно, седум државјани на Македонија од Витлеем биле транспортирани во Јордан, од каде се очекува да се вратат во земјава. За преостанатите државјани на Македонија, премиерот уверува дека се работи за нивно успешно враќање.

Во таа насока вчера беше формиран и кризен штаб во Министерството за надворешни работи. Според првичните податоци кои вчера беа соопштени, во Израел има околу 200 наши граѓани.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button