
Новиот предлог закон за дополнување на законот на имот, кој се најавува за 2022 година, има за цел поттикнување на искористувањето на секаков вид на недвижен имот и сузбивање на сивата економија. Ако имотот не се користи или издава под наем, следуваат повисоки давачки, вели во своето вечерашно вклучување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии.
„Прва и клучна цел е ставање во функција на недвижниот имот, а секундарна е зголемувањето на приходите по однос на даноци на имот. Стапката на данок на имот, за имот што не се користи или не се издава под закуп подолго од 6 месеци, а е во сопственост на општините, како и во сопственост на физикчки лица се зголемува за трипати во однос на стапките пропишани со законот“, рече Ковачевски.