




Со подзаконски акти ќе се регулира дали сопствениците на викендички, коишто повремено се користат ќе бидат оданочени тројно повеќе, но веќе е јасно дека сопствениците на станови, кои ги користат само за летување, ќе плаќаат трипати повеќе данок на имот, рече во вечерашното вклучување во емисијата Економски Магазин на Алсат, заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски.
„Со подзаконски акти ќе биде дефиниран третманот на викендичките, бидејќи тие се наоѓаат во посебни, рурални региони, но ако некој има неколку станови, во различни општини и ако не сака со нив да остварува приход, а целта на овој закон е пред се ставање во економска функција, ќе плати трипати повеќе данок на имот ако не е активен повеќе од 6 месеци“, рече Ковачевски.