ВЕСТИЗДРАВСТВО

Од 31 случај на грип во земјава минатата недела, 14 се во Гостивар

Од 7 до 13 октомври, пријавени се 31 случај на заболени од грип во земјава, што е за шест повеќе во споредба со претходната недела. Заболените лица оваа недела се регистрирани во Гостивар – 14, Куманово – 10, Тетово – три и Кавадарци, Свети Николе, Скопје, Струмица – по едно лице, информираат  од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Advertisements

Во однос на возраста, од 15 до 64 години – регистрирани се 18 лица, осуммина се на возраст над 65 години, а пет се деца од пет до 14 години. Кумулативно, заклучно со 41. недела, пријавени биле вкупно 56 случаи.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи – согласно препораките на Светската здравствена организација. Тоа се постарите лица – над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button