Од 33 препораки дадени од Собранието за управување со загадувањето на воздухот во 2018 година, властите исполниле само 6
Од 33 препораки дадени од Собранието за управување со загадувањето на воздухот во 2018 година, властите исполниле само 6

Од 33 препораки дадени од Собранието за управување со загадувањето на воздухот во 2018 година, властите исполниле само 6.
Ова го констатира Комисијата за здравство во Собранието, која помина 5 дена дискутирајќи за загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето на граѓаните. Оваа комисија усвои низа препораки и заклучоци, во кои, меѓу другото, се нагласува потребата од измени и дополнувања на законските прописи и зајакнување на мерките за управување со загадениот воздух.
Претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи, изјави дека надлежните институции и општините треба да ги зголемат контролите, нагласувајќи дека здравствените институции утврдиле дека продолжената изложеност на загаден воздух придонесува за појава на бројни болести, а воедно влијае и на бројот на смртни случаи.