СВЕТ
Од 7 јули Полска ќе воведе гранични контроли со Германија и Литванија

Полска ќе воведе гранични контроли со Германија и Литванија од 7 јули, објавија светските агенции.
Ова денеска го објави полскиот премиер Доналд Туск. Тој објасни дека станува збор за привремена мерка.
Премиерот ја објави веста по состанокот на полската влада. Оваа одлука следеше по неодамнешното заострување на граничните контроли од страна на Германија и откако новата германска влада на канцеларот Фридрих Мерц ја презеде функцијата во Берлин.
Според германските правила, германската гранична полиција има инструкции да им забрани пристап на германска територија на нелегални мигранти, дури и на оние кои бараат азил.