ЕКОНОМИЈА

Од 70.000 компании во Македонија, само 3.500 извезуваат

Извозот на една држава може да донесе поголем економски раст само во ситуација кога во структурата на финалните производите кои се пласираат на странските пазари, има компоненти произведени од домашните фабрики. Засега тоа ѝ недостасува на нашата економија. Од друга страна од 70 илјади компании во Македонија, само 3.500 се извозно ориентирани. Ова се само дел од поентите од вечерашниот Економски магазин на Алсат. Говориме и за придобивките, но и за ризиците од иницијативата Отворен Балкан.

„Ако нашите компании инвестираат во нова технологија, ако државата помага во тој процес на структурна трансформација на македонската економија, ако инвестираме во квалитетно високо образование, конкретно во професии кои ќе овозможат подобрување на производните перформанси, пред сè мислам на природните науки. Ако Академијата со научно истражувачка работа со нови иновации развива нови производи, ги подобрува постојаните производи, државата инвестира во инфраструктура, ние така или на тој начин ќе растеме и ќе се развиваме и на тој начин ќе конкурираме на останатите земји“, рече Дарко Лазов, универзитетски професор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button