ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од бугарска страна не прифаќаат уставни измени со одложено дејство

Од бугарска страна не прифаќаат уставни измени со одложено дејство

Источниот сосед не прифатил промена на условите и уставни измени со одложено дејство, но и покрај тоа претседателката Гордана Сиљановска Давковаверува верува дека е можно да се изнајде решение за бугарското вето. Бугарската страна овој став го потврдила и за време на посетата на претседателот на европскиот совет Антонио Кошта, но Според Давкова, тоа што европски земји се нудат за медијатори во преговорите со Бугарија, сепак е знак дека тие не се завршени.

Advertisements

“Некогаш има патишта за разговор кои можеби кога ги слушате само разговорите не можеме да ги одгатнеме. Јас, се разбира, со помош на господинот Кошта заедно ќе разговарам со господинот Радев. Како што слушате исто така Австрија се понуди за медијација во разговорите. Не се нудат членки на ЕУ за уште еден разговор и медијација ако работата е завршена”, рече Гордана Сиљановска Давкова, претседателка .

Обврската за уставни измени со кои Бугарите ќе бидат дел од уставот произлегува од преговарачката рамка, а токму овој услов кој беше прифатлив за претходната влада се коси со ставовите на актуелната власт, но и на претседателката. Давковаобјасни дека критиките се упатени кон протоколот во рамката кој ги вклучува овие услови, а не кон тоа кој ја потпишал самата рамка.

„Јас воопшто не реков дека заклучоците односно рамката значи, ја потпишал ексминистерот Бујар Османи, таман работа, тоа не е наш акт, тоа се знае, Советот, но реков дека потпишал протокол. Првиот протокол господинот Димитров, вториот протокол тој, а видете во протоколите се преземени обврски„, рече рече Гордана Сиљановска Давкова, претседателка .
Преговорите со Бугарија и натаму се статус кво, откако источниот сосед и натаму останува на ставот прво да се спроведат уставни измени па потоа земјава да добие зелено светло за преговори со ЕУ. На средбата со премиерот Мицкоски пред неколку дена, Кошта испрати порака дека план Б за Северна Македонија не постои и дека мора да се исполни договореното. Премиерот Мицкоски пак рече дека она што го прифатила претходната влада тој никогаш нема да го прифати, но нагласи и дека ќе продолжи со борбата да се најде излез од процесот во којшто се наоѓаме како држава сега./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button