Од денес пратениците ќе имаат 32 канцеларии низ општините за средби со граѓаните
Од денес пратениците ќе имаат 32 канцеларии низ општините за средби со граѓаните
Низ општините ќе бидат отворени уште седум дополнителни канцеларии, како место каде пратениците ќе можат да се сретнат со граѓаните и внимателно да ги сослушаат нивните грижи. Претседателот на Собранието престојуваше во Гостивар, на отворањето на првата дополнителна канцеларија.
„Најважно е, се разбира отворањето канцеларии. Тоа е долг проект, но е и барање на граѓаните да имаат можност да се сретнат со пратениците, да разговараат со нив. Не секој граѓанин има можност да дојде во Скопје, но идејата е пратениците да имаат канцеларии во општините за да можат да се сретнат со граѓаните“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието.
Досега имаше вкупно 25 канцеларии низ општините определени како пратенички канцеларии, но до крајот на годината се предвидени да бидат 32. Иако петок е предвиден како ден за средби со граѓаните, во пракса е сосема поинаку. Алсат посети дел од канцелариите на пратениците пред неколку недели, но за жал поголемиот дел беа затворени. Контакт канцелариите помеѓу пратениците и граѓаните, од 2010 година се законска обврска. Меѓутоа, ако одите на официјалната веб-страница на Собранието, во делот за транспарентност на оваа институција и барате канцеларии за контакт со граѓаните, ќе наидете на страница без податоци./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши