МАКЕДОНИЈА
Од денеска почнува грејната сезона

Утрово се разбудивме со топли радијатори. Официјално почна грејната сезона која ќе трае до 15 април догодина. Дистрибутерите на топлинска енергија навремено го вклучија парното, а греењето ќе зависи од временските услови. Годинава до Ргулаторната комисија за енергетика не се бараше порано да почне парно греењето поради високите температури за овој дел од годината.