ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од денеска поевтини градскиот паркинг во Скопје

Од денеска поевтини зонското паркирање во Скопје. Со новиот ценовник со намалени цени на услугите на јавното претпријатие „Градски паркинг“ се опфатени отворените јавни паркиралишта во градот, информираат од Град Скопје.

Advertisements

Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари.

– Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влезе во сила на 24 февруари, со добивањето согласност од Советот на Град Скопје, односно по изгласувањето на претходно донесената одлука на седница на Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ за намалување на цените за зонско паркирање во градот, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button