
Од денеска грчката влада ги засилува превентивните мерки против ширењето на коронавирусот. Како што беше и претходно најавено, ќе бидат во сила една недела, кога ќе бидат затворени фризерските салони, книжарниците и некои други продавници. Грчките медиуми пренесуваат дека цалта е да се стави контрола на пандемијата за да може училиштата да отворат на 11 јануари.
Во исто време, полицискиот час ќе се спроведува од 21 часот, наместо од 22 часот, а ќе биде во сила до 05:00 часот следниот ден, објави претставникот на грчката влада, Стелиос Пекас, пренесува АНА-МПА.
Црквите исто така ќе бидат затворени и нема да има традиционална церемонија на отворено за благослов на водите, што се одржува на Богојавление, 6 јануари, а литургиите ќе се одржуваат во црквите, без присуство на јавноста.
Во Грција, од почетокот на пандемијата, потврдени се 139,447 случаи на Ковид-19 и 4,881 смртни случаи кај пациенти со Ковид.