МАКЕДОНИЈА
Од денеска повторно редовно пријавување на невработените

Сите невработени лица од денеска, 15 септември 2020 година, продолжуваат со редовното пријавување на секои 30 дена, за активните баратели на работа, односно на секои 6 месеци за другите лица кои бараат работа, информираше денеска Агенцијата за вработување.
Секое невработено лице кое има оставено контакт телефонски број веќе е известено по смс порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, од причина што од 15.09.2020 година повторно е ставен во функција системот за распределување на термини за редовно пријавување, согласно законските рокови за пријавување на 30 дена односно 6 месеци, соопшти Агенцијата.