Од денеска ригорозни контроли во маркети и други трговски објекти

Од денеска почнуваат ригорозни контроли во маркети и во други трговски објекти, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој утрово, како што соопшти, имал координација со министерот за економија и труд, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата и директорот на Државниот пазарен инспекторат.
-Договоривме чекори кои ќе се случат, почнувајќи од денеска. На вчeрашната прес-конференција од ваши колеги беа потенцирани два ланца маркети кои можеби прават одредени изигрувања на законите и процедурите. Денеска тие ќе подлежат на ригорзна контрола и во деновите што следат. Според информациите со кои располагаме, имаме отприлика околу 20 000 коминтенти по ланец суперакети и ќе треба длабоко да се навлезе за да видиме дали постојат вакви индиции. Но, истовремено и други трговски објекти ќе подлежат на ваков тип контроли зашто стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме се како Влада за да го заштитиме, изјави Мицкоски.
Во зголемувањето на цените кај одредени маркети, Владата, рече премиерот, гледа напад врз стандардот на граѓаните.