Од денеска се менува системот за управување со предмети во Јавното обвинителство.
Од денеска се менува системот за управување со предмети во Јавното обвинителство.

Од денеска ќе се менува системот за управување со предмети во Јавните обвинителства во Северна Македонија. Како што објаснуваат од Министерството за правда, сите јавни обвинители и други вработени се обучени за имплементација на овој систем и се очекува во секој момент да се види состојбата на предметите, како и подобрување на архивирањето и чувањето на документацијата. .
„Министерството за правда, во координација со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ги презеде сите неопходни активности за да обезбеди целосна и непречена промена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства, почнувајќи од 1 јануари 2023 година“, велат од Министерство за правда.
Овој систем ќе биде основна алатка во извршувањето на основните должности на јавните обвинителства, што ќе обезбеди чување на информации, следење и архивирање на предметите, како и во секој момент да може да се види прегледот или состојбата на предметите.
Со тоа ќе се обезбеди непречен проток на податоци, додека суштинска цел е развој и автоматизација на процесите во јавното обвинителство, подобрување на протокот на информации преку дигитализација, архивирање и складирање на документацијата, гарантирање висок степен на безбедност, контрола при пристап и автоматизирана комуникација.
Од друга страна, од денеска нема да важи законската одредба за прогресивно оданочување на личните доходи, воедно нема да се оданочуваат ниту каматите на одредени депозити. Владата ги укина овие одредби од Законот за лични примања што го донесе Собранието./Алсат.мк
Ардит Рамадани