ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од денеска се релаксираат анти-ковид мерките

Главниот координативен штаб на македонската Влада за борба против коцвид-19 вчера ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олеснување на мерките за заштита од коронавирус од 1 јуни и ѝ предложи на Владата да ги усвои на денешната седница. Како што беше најавено по состанокот на тој владин орган, предложено е олабавување на мерките, бидејќи сегашната епидемиолошка состојба со ковид-19 во земјата е поволна, односно бројот на нови случаи на инфекција, бројот на тестирани, бројот на активни случаи и бројот на хоспитализирани се намалени во последните 14 дена. Препорачано е Владата од денеска да ја укине обврската за носење маски на отворено и да забрани собирање повеќе од четири лица во јавноста, како и да дозволи организирање свадби, свечености и прослави и враќање на публиката на стадионите во ограничен број.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button