ЕКОНОМИЈА

Од денеска струјата се тарифира по повисока цена

Од денеска струјата почна да се тарифира по повисока цена. Трошоците на домаќинствата и малите потрошувачи ќе бидат зголемени во просек за 7,4 отсто. Ваква цена ќе плаќаме до крајот на годинава, а потоа ќе се прави нова пресметка. Промена од денеска има и кај евтината ноќната тарифа и евтината струја која граѓаните ја користат во неделите. Таа се зголемува за речиси девет отсто.

Advertisements

Годинава ова е второ поскапување. Регулаторна воведе и нови модели на пресметка на крајната цена, по принципот кој повеќе троши – ќе плаќа по повисоки тарифи. Надлежните уверуваат дека над 99 отсто од граѓаните ќе имаат минимално зголемување на сметките, а најголемите трошаџии ќе добијат повеќе од двојно повисоки сметки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button