ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од денеска тече рокот за доделување на мандатот за формирање Влада

Од денеска тече десетдневниот рок во кој партијата односно партиите кои имаат мнозиснтво гласови треба да го добијат мандатот за формирање на новата влада. Засега нема информации од Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за кога се планира да го додели мандатот на актуелниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски, откако беше потврдено новото мнозинство со изборот на новиот собраниски спикер.

Advertisements

Откако ќе го добие мандатот, Мицкоски ќе има дваесет дена да го претстави својот кабинет и програмата на  владата пред пратениците.

Според најавите, Мицкоски не планира целосно да ги искористи роковите и новата влада би можела да биде изгласана до 20 јуни.

Речиси е потврден договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, и партиите отворено говорат дека преговорите се во фаза на поделба на функциите од вториот и третиот ешалон, како и усогласување на програмата.

Според овој договор, кој се уште е неофицијален, ВЛЕН ќе има шест министри, од кои еден ќе биде прв вицепремиер, како и седум заменици министри. ВЛЕН не негираше, ниту ги потврди информациите дека ќе предложат околу 400 директори.

Од друга страна, се очекува „ЗНАМ“ да добие две министерски места, но сè уште не е јасно колку заменици-министри и директорски позиции ќе бидат распределени на партијата на Максим Димитриевски.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button