ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од денеска задолжителна зимска опрема

Од денеска задолжителна зимска опрема

За промена на зимски гуми, потребен е да најдете термин кај механичар. Ова е затоа што денеска со стапувањето во сила на обврската за користење на зимска опрема за возачите во сообраќајот се зголеми побарувачката за механичари.

Advertisements

„Од денес интересот е многу голем, повеќето имаат по две коли дома, доаѓаат да менуваат гуми и ни требаат 20 минути да смениме четири гуми. Не треба долго да чекаат? Не, затоа што ги имаме со термин. Треба да закажат кај вас? Да, подобро со термин како што ќе дојдат ќе го остават клучот и ќе биде готово за 15 минути“,рече Џевад Јакупи – Механичар.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во сообраќајот задолжително треба да ја поседуваат назначената зимска опрема.

„МВР апелира до возачите да ја почитуваат законската обврска за поседување зимска опрема, за да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на коловозот во зимски услови.
За непочитување на оваа обврска, МВР потсетува дека се предвидени соодветни казни„, велат од Министерство за внатрешни работи./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button