ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од ДУИ молчат околу иницијативата за уставноста на одлуката на преодната влада, медресета Иса бег да се претвори во гимназија

Од ДУИ молчат околу иницијативата за уставноста на одлуката на преодната влада, медресета Иса бег да се претвори во гимназија

Опозициската ДУИ во август минатата година ја обвини телевизијата Алсат за низок професионализам и ширење дезинформации во врска со веста дека учениците кои завршуваат средно веронаука нема да можат да се запишат на ниту еден факултет освен на верски и покрај одлуката на Владата на чело со Талат Џафери која помпезно го промовираше спротивното. Но, од партијата на Али Ахмети молчат за отворање постапка за оценување на уставноста од страна на Уставниот суд, чиј епилог ќе биде укинување или поништување на таа одлука. ДУИ, не гледа причина да каже ниту еден збор за иницијативата на Уставен суд, иако пред 8 месеци се „удираше во гради“ и не штедеше зборови да истури гнев против професионалното известување на новинарите на АЛСАТ, за кое ДУИ рече дека го достигнала дното на новинарските стандарди, нарушувајќи ја сериозноста на кредибилитетот и информирањето на јавноста.

Advertisements

Известувањето на Алсат се базира на изјавата на министерката за образование, Весна Јаневска, која нагласи дека и за оваа нова академска година законот е јасен: и покрај идејата за воведување дополнителни предмети но и промена на карактерот, Медресата не може да се третира и да има ист статус како другите средни училишта или гимназии во земјава.

Исламската верска заедница вчера реагираше до Уставниот суд во врска со отворањето на постапката за оценување на уставноста на одлуката на Владата со која беше дадено зелено светло за формирање на „Медресата Иса бег“ како редовно приватно училиште. Од ИВЗ потенцираат дека остануваат со надеж дека Уставниот суд ќе се одрази и ќе донесе правична одлука за доброто на учениците.

Сепак, уставните судии се потпираат на амандманот 7 од Уставот, со кој јасно се нагласува секуларноста на државата, односно одвојување на религијата од државата. Тие го поддржуваат ставот за отворање на постапка врз основа на став 2 од истиот амандман, во кој се вели дека верските заедници можат да основаат училишта, но треба да бидат верски.

ИВЗ се повикува на правото кое произлегува од став 6 од член 10 од Законот за средно образование, во кој се вели дека приватно средно училиште може да основа како правно лице, така и странско и домашно физичко лице, врз основа на дозвола, согласно овој закон.

Сепак, уставните судии нагласуваат дека без разлика на правниот статус на ИВЗ, тоа е верска заедница и како таква и е забрането да основа училиште. Тие се потпираат на членот 7 од Законот за средно образование, кој вели дека е забрането секое верско организирање и дејност во средните училишта.
Владата на чело со Џафери на 26 март минатата година во јавноста соопшти дека го решила проблемот на учениците од медресата Иса бег, кои не можеле да полагаат државна матура, а потоа да се запишат на државните универзитети. Со одлуката Медресата, која претходно функционираше како исламско верско училиште, беше претворено во приватна гимназија, која наставата ќе ја спроведува како и сите други училишта, според програмата на Бирото за развој на образованието. Укинувањето или поништувањето од страна на Уставниот суд би го сменило процесот./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button