ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од ДУИ се премислија за законот за реорганизација на министерствата

Од ДУИ се премислија за законот за реорганизација на министерствата

„Се работи за закон за одземање на некои институции кој служи само за агендата на ВМРО-ДПМНЕ и за одземање и дефакторизација на нелегитимните албански кадри кои ќе ги водат ресорите во нелегитимната влада“, рече Блерим Беџети, член на Европскиот фронт.

Ова во понеделникот го изјави пратеникот на ДУИ од Европскиот фронт, Блерим Беџети, во врска со законот за реорганизација на министерствата, кој беше одобрен токму со помош на самиот Беџет и неговите колеги од ДУИ.

На вчерашната дебата, Беџети се обиде да даде образложенија и објаснувања за драстичната промена на ставот на ДУИ.

„Разгледувајќи ја, мислам дека е пренесување на надлежностите од една на друга институција каде што логично може да има поголема ефикасност“, нагласи Блерим Беџети Европски фронт.

За да се предомислат, според заедничкото соопштение на Европскиот фронт и ВМРО-ДПМНЕ, била подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати понудата на ДУИ за формирање привремена парламентарна комисија. Задачата на оваа комисија е да ја следи етничката застапеност во извршната власт и за тоа мора да го известува Собранието два пати годишно.

Во време кога Народниот правобранител, Балансерот, но и голем број надлежни институции ја следат етничката застапеност, таквата комисија би била непотребна, уште повеќе со тоа што историјата на комисиите во земјава покажува дека истите не постигнале некаков успех.

Дури и најблискиот партнер на ДУИ од Европскиот фронт, Алијансата за Албанците крилото на Зијадин Села, иако беше на состанокот, не беше убеден, под овие услови, да го промени својот став против реорганизацијата на владата. Четворицата пратеници на АА, гласаа против.

„Остануваме во Европскиот фронт и нашиот претставник беше на средба со ВМРО-ДПМНЕ, но ја задржуваме нашата автономија и сметаме дека законот не треба да го поддржиме“, рече Алијанса за Албанците.

За време на гласањето на законот, не беше присутен ни другиот партнер на ДУИ во Европскиот фронт, Скендер Реџепи – Зејд.

ОД ВМРО-ДПМНЕ денеска се изјаснија дека ДУИ гласала без никакви услови.

„И за прв пат претставниците на ДУИ гласаа без можност за условување, со оглед на тоа што законските измени се реформски и транспарентни. И во оваа ситуација, никој не може да уценува за ништо“, додаде Марија Митева, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонската опозиција реагираше со потсмев на ситуацијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по гласањето на законот. Славјанка Петровска од СДСМ, на Фејсбук напиша:

„Каде сте „патриоти“? Каде сте, каде отидовте? За вас плаче… Тие се на власт, не ги барајте. ДПМНЕ+ДУИ“, рече Славјанка Петровска, СДСМ ./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button