ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од Европскиот фронт ја обвинуваат коалицијата ВМРО-ВЛЕН за блокада на евроинтегративните процеси

Албанската опозиција ја обвинува Владата за блокирање на евроинтегративниот пат и заробување на судството. Во име на Европскиот фронт, Зијадин Села истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја држи во заложништво иднината на граѓаните и европската перспектива на државата. Фронтот очекува 2025 година да ја најде земјата со уставни измени и што е можно поблиску до ЕУ.

Advertisements

“Оние кои ги слушате со полна уста, правда и борба против корупцијата немајте ниедна дилема, драги граѓани, бидејќи правдата и борбата против корупцијата ќе бидат поблиску колку што сме поблиску до Европската унија. Сите кои ги блокираат евроинтегративните процеси, не зборуваат за правда, зборуваат за земање во заложништво и партизираност на правдата и претворање на правдата во нешто што сме го виделе во минатото”, рече Села.

Европскиот фронт обвинува дека за време на владеење на ВМРО-ВЛЕН институциите се деалбанизираат, додека Уставниот суд се користи за реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

“Сервилизам насочен кон деалбанизација на институциите, отпуштање на другите етнички заедници на другите етнички заедници, а потоа кулминираше со укинување на правото на етничка припадност. Бројни се дејствијата кои актуелната власт ги има преземено користејќи ги механизмите, како што во овој случај е уставниот суд. Преку Уставент, Владата ја спроведува својата програма, сето она што се случува е предвидено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, додава Села.

Европскиот фронт како достигнување на опозицијата ги смета забраната за укинување на законот за употреба на јазиците, блокирањето на законот за бранителите како и оној за средните училишта каде е предвидено интонирање на химната.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button