ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Од ковид починала 16 годишна девојка од тетовско, МЗ со детали за случајот

Од ковид починале 16 годишна девојка на Клиниката за инфективни болести, соошти Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека девојката од тетовското село Сиричино од Болницата во Тетово со возило на Итна Помош била донесена на Инфективна клиника. Таа во тетовската Болница била до 21 до 23 октомври, а претходно била лекувана во домашни услови заради тегоби кои датирале 9 дена од иницијалниот прием во тетовската болница.

Advertisements

Според медицинскиот извештај од Клиниката инфективни болести во Скопје станува збор за исклучително тежок случај, девојката била кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Додека била во болница со анализи било потврдено и дека има белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето брзо и се влошила респираторната функција. Младата пациентка не била вакцинирана, соопштуваат од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button