ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од Македонија годишно се иселуваат и по 300 лекари

Од Македонија годишно се иселуваат и по 300 лекари

Денот на здравјето земјава ја најде со илјадници здравствени работници кои заминуваат за Европа. Недостигот од медицински персонал, особено во другите градови во земјава, ги тера граѓаните да бараат здравствени услуги главно во Скопје. Тоа го преоптоварува системот „Мој термин“. Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека ќе се обидат сите здравствени работници да можат да работат во земјава по дипломирањето. Деновиве ќе се најде задоволително решение за здравствените работници кои побараа зголемување на платите во рамките на синдикатите.

Advertisements

„Ги испитуваме можностите да ги дистрибуираме, конкретно цело време зборувам за хронична терапија, за да може да се поделат на матични лекари за пациентите да немаат финансиски трошоци за да дојдат во Скопје од други места. Здравствените работници секогаш треба да имаат повисоки примања“, рече Фатмир Меџити – министер за здравство.

Докторот Горан Димитров вели дека треба да се променат некои закони за лекарската професија повеќе да се почитува.

Седми април е познат како Ден на здравјето. На тој датум пред 75 години е основана Светската здравствена организација./Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button