ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Од македонските функционери само Сиљановска – Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск

На погребот на папата Франциск, што ќе се одржи утре во Ватикан, од македонските функционери, ќе присуствува само претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.
Погребот ќе се одржи во 10 часот и ќе го означи почетокот на деветдневната жалост. Погребната церемонија ќе се одржи на отворен простор, пред базиликата Свети Петар.
Папата Франциск почина на 88-годишна возраст.
Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти поднесе оставка.